Ракомет

Охрид го нокаутираше Алкалоид – моќна победа на „гладијаторите“ пред полните трибини во СРЦ „Билјанини Извори“!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид одигра маестрален натпревар и забележа значајна победа против тимот на Алкалоид, совладувајќи го со 28-24 во дербито на 12. колото во македонската Суперлига.

Од самиот почеток се гледаше дека охриѓани се решени да го срушат фаворитот и тоа го направија на импресивен начин. Екипата на Борис Ројевиќ делуваше цврсто во одбраната, брзо во транзиција и ефикасно во нападот, предводена од Тилен Стрмљан кој блескаше со 11 погодоци и заслужено беше најдобар играч на натпреварот.

По израмнетото отворање и резултат 6-6, домашните направија серија и се одлепија на 10-6, а до полувремето ја сочуваа предноста која изнесуваше 17-11. Гостите од Автокоманда имаа многу проблеми со реализацијата и техничките грешки, додека голманите Галевски и Кизиќ немаа своја вечер.

Во вториот дел, тимот на Кирил Лазаров се обиде да се врати во игра. Браќата Марко и Дамјан Митев со неколку убави акции ја преполовија разликата (20-17), но Охрид брзо одговори преку Анте Иванковиќ, кој со два врзани гола повторно ја врати стабилноста на домашниот состав.


Алкалоид стигна до минус два (22-20), но тоа беше максимумот. Во финишот повторно доминираа охриѓани, поддржани од публиката која стоечки го поздрави секој погодок. Блажески со неколку клучни интервенции на голот ја запечати судбината на гостите, а „гладијаторите“ стигнаа до триумфот со кој сега се на третата позиција на табелата – веднаш зад Вардар и Пелистер.

Во следното коло, Охрид го очекува езерското дерби против Струга, додека Алкалоид на домашен терен ќе се обиде за враќање на победнички пат против Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!