Втора лигаФудбал

„Пеколна“ борба за кој да биде најдобар стрелец во Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Ќе биде неизвесна борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец во Втора лига, листата е навистина израмнета, а еден погодок прави промени на истата.

Виктор Ангелов, кој настапува за Скопје беше подолг период осамен на врвот, но веќе истиот го стигнаа. Стефан Јовановски од Новаци и Бојан Спиркоски од Беласица се израмнија во врвот од табелата заедно со Ангелов, со по девет постигнати погодоци.

По осум гола имаат четири фудбалери, се работи за Иван Глигоров, кој го носи дресот на Охрид, фудбалерот на Детонит Плачковица, искусниот Сашо Дуков, како и двајцата фудбалери на Каменица Саса, Тони Мичковски и Андреј Симевски.

Шест гола постигна Антонио Каланоски за Охрид, а пак по пет погодоци постигнаа фудбалерите на Беласица, Александар Коцев и Костадин Капсаров, Азис Јамини од Тетекс и Веби Ислами кој стрела за Кожуф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!