Пет фудбалери ќе бидат без право на настап за своите екипи на натпреварите од 13. коло во Втората лига.
Се работи за Михаил Николов од Осогово, за Дарио Десниќ кој настапува за Шкендија Арачиново, Горан Томовски од Беласица, Христијан Бејков од Кожуф и за фудбалерот на Победа, Лука Трајкоски.
Листата пак со четири акумулирани жолти картони е голема, дури над 20 фудбалери имаа по четири жолти картони, а тоа ќе значи дека при следен жолт картон автоматски еден меч ќе се одморат на трибини.