Трета лигаФудбал

Слога Виница и Големо Коњари имаат солидна бодовна предност, каде ќе биде најнеизвесно за баражот за влез во Втора лига!?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Слога Виница и Големо Коњари имаат солидна бодовна предност на патот кон освојување на баражот за можен влез во Втората лига.

Слога Виница е лидер на табелата во Трета лига – Исток со максимални 18 бодови на своето конто, односно има скор од шест од шест. Пет бодови е предноста на некогашниот второлигаш од Виница во однос на Овче Поле од Свети Николе кој е втор со 13 бодови, а пак на третото место е поранешниот прволигаш Хоризонт Турново со 11 бодови на своето конто.

Во овој третолигашки регион Слога Виница е главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига, а клубот има отворени амбиции и сака враќање во Втората лига. За таа цел ангажираше квалитетни засилувања, а во зимскиот преоден рок ќе бидат ангажирани три до четири квалитетни засилувања дознава Спортска Мрежа со што Слога Виница веќе од тој момент ќе се подготвува за баражот за Втора лига.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК, 6. КОЛО:

Во Трета лига – Југ по седум одиграни натпревари лидер на табелата е Големо Коњари кој има 18 бодови на своето конто со скор од шест победи и еден пораз. На второто место е новиот третолигаш Венец од Долни Дисан со пет бодови помалку односно 13 бодови, а пак на третото место е Башкими 2008 со 12 бодови на своето конто.

Во овој регион Големо Коњари е тој кој што пројавува амбици за првото место и баражот, сите останатите екипи одат на картата да напаѓаат и да форсираат за прво место доколку им се укаже шанса.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ, 7. КОЛО:

Во Трета лига – Југозапад ќе биде повеќе од неизвесно околу првото место и баражот за Втора лига. Неколку екипи ќе водат борба на фудбалските терени за да дојдат до првото место и баражот за Втора лига. По шест кола лидер е Преспа од Ресен со 13 бодови, а толку бодови има и битолски Евротип кој е втор. Кораби е трет со 12 бодови, на четвртото место е Сатеска од Волино со 11 бодови. Велешта е петта со 10 бодови, а пак ланскиот второлигаш Караорман од Струга е шести со девет бодови. Овие екипи ќе водат борба за висок пласман, но колку од нив ќе издржат до крај од првенството да водат борба за првото место останува да видиме, а тоа и ќе ја направи лигата неизвесна.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД, 6. КОЛО:

Во Трета лига – Запад лидер на табелата е ланскиот второлигаш Тетекс со 16 бодови, а толку бодови има и ланскиот шампион Влазерими кој е втор. Овие две екипи ќе водат сериозна борба за првото место и баражот за Втора лига. Тетекс сака експресно враќање во Втора лига, а пак Влазерими сака по третпат во низа да биде шампион во Трета лига – Запад и од третпат да се обиде да го помине баражот за влез во Втора лига.

Седмото коло ќе се комплетира денес меѓу Речица и Ренова, а пак мечот меѓу Речица и Напредок официјалн се’ уште не е затворен со службен резултат, од таа причина е таква состојбата на официјалната табела.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД, 7. КОЛО:

Во Трета лига Север е неизвесно барем засега, таму главен фаворит за првото место е Шкендија од Арачиново, која моментално е на второто место со 16 бодови, односно бод негатива во однос на лидерот Фортуна, но Шкендија Арачиново има меч помалку, кој ќе го одигра следната среда против Риниа, меч од вонредното вчерашно 7. коло.

На третото место е Беса Влазрими со 15 бодови, а пак некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ се спушти на 4. место со 15 бодови.

Овие екипи пополека прават некој пресек во однос на останатите екипи и се оделуваат кон борбата за првото место и баражот за Втора лига.

  • ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР, 7. КОЛО

Потсетување дека петте шампион во Трета лига заедно со второлигашот кој ќе заврши на 14. место во Втора лига, играат меѓусебни бараж натпревари за влез во Втора лига.

Спортска Мрежа и Александар Ванев како спортски новинар и натаму стојат на ставот дека баражите мораат да бидат укинати, односно шампионите во Трета лига да имаат директен влез во Втора лига.

  • АНАЛИЗА НА СПОРТСКА МРЕЖА: Треба ли шампионите во Трета лига да играат бараж за Втора лига?

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!