Натпреварот меѓу Кравари и Могила во рамки на 8. коло од Третата лига – Југозапад заврши без победник, со поделба на бодовите по едно вистинско дерби исполнето со борбеност, шанси и неизвесност до самиот крај.
По мечот, двајцата фудбалери на Кравари, Стефан Бучински и Лука Лаковски, ги споделија своите впечатоци за исходот на средбата.
„Тежок натпревар, вистинско дерби. Имавме свои шанси, ама не успеавме да ги искористиме. Сепак, остануваме позитивни – сè уште сме во игра и во недела одиме по победа и прво место!“ – изјави Стефан Бучински за Спортска Мрежа.
Неговиот соиграч, Лука Лаковски, во изјаа за Спортска Мрежа додаде:
„Искрено, малку ми е криво. Со оглед на тоа како одигравме, мислам дека заслуживме победа. Но, дерби е дерби – понекогаш среќата не е на твоја страна. Најважно е што покажавме карактер, желба и квалитет, и тоа треба да ни биде мотив за понатаму. Сега одиме уште посилно, со јасна цел – првото место.“
Со овој резултат, Кравари останува второпласиран со 17 бодови, додека Могила е петта со 12 бодови. Во следното коло, Могила ќе ја пречека екипата на Демир Хисар, а Кравари ќе има ново големо дерби – гостување кај лидерот Влазними во Струга.