ИнтернационалциФудбалФудбалска репрезентација

Шведска У21 ќе тренира во Црнобуки пред дуелот со Македонија – чест и гордост за битолското село

Сподели
Сподели

Наместо во Големо Коњари, репрезентацијата на Шведска до 21 година ќе го одржи својот официјален тренинг во Црнобуки, битолско село познато по одличниот фудбалски терен и љубовта кон спортот.

Поради лошите временски услови и влажноста на теренот во Големо Коњари, младите Швеѓани ќе тренираат токму во Црнобуки, каде што се создадени сите услови за нивна добра подготовка пред квалификацискиот дуел против Македонија за Европското првенство 2027.

Тренингот ќе биде вистинска атракција за локалните жители и фудбалските ентузијасти, кои со голема радост ќе можат да ги проследат идните ѕвезди на шведскиот фудбал во своето село.

„Ни претставува задоволство што ќе бидеме домаќин на респектабилен национален тим и фудбалска земја.
По тој повод сакаме да изразиме благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ, Општинскиот фудбалски сојуз и претседателот Златко Талевски, како и директорот на У21 репрезентацијата Ѓорѓи Христов“, велат домаќините.

Шведска У21 ќе тренира во Црнобуки во пресрет на натпреварот со Македонија, кој ќе се одигра на 13 ноември во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“.

Овој настан претставува голем момент за спортската заедница во Црнобуки, која уште еднаш покажува дека малите средини можат да бидат домаќини на големи европски фудбалски селекции.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!