КупФудбал

Историја за Арсими, историско пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија!

Сподели
Сподели

Второлигашот Арсими од Чегране испиша клупска историја, откако за првпат се пласираше во големото четвртфинале од Купот на Македонија со што клубот од Чегране е меѓу осумтте најдобри екипи во Македонија.

Арсими во осминафиналето иако не беше фаворит, покажа и демонстрира одличен фудбал и со тоа оствари историска победа од 3:1 над прволигашот Воска Спорт.

„Ви благодариме на сите за големата поддршка, победата е посветана на дијаспората која максимално се грижи за условите на играчите, на персоналот за неуморната работа и раководството за пожртвуваноста“, велат од Арсими.

Арсими доминира и во Втората лига и сака сериозно до крај од првенството да се бори за местата за Прва лига. Тренерот Вилдан Салиу во изјавата за Спортска Мрежа после победата над Кожуф во првата фаза од Купот, истакна дека од втор план сакаат до крај да одат во Купот на Македонија, а во Втората лига имаат максимален фокус за висок пласман.

Вчера се славеше големиот успех, но од денес фокусот е на натпреварот со екс прволигашот Скопје, меч кој Арсими го игра на домашен терен во рамки на 9. коло од Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!