КупФудбал

Абази и Едмундсон засега најдобри стрелци во Купот, но ќе останат на три погодоци!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По комплетирањето на осминафиналето од Купот на Македонија, Спортска Мрежа ја објавува листата на најдобрите стрелци во Купот на Македонија.

На врвот од истата со по три погодоци се Рејан Абази, фудбалерот на Брегалница и Јоан Симон Едмундсон, фудбалерот на Шкупи. Но, овие двајца фудбалери ќе останат на овие три погодоци, бидејќи Брегалница и Шкупи ги завршија настапите во Купот на Македонија, па повеќе од сигурно е дека друг фудбалер ќе биде најдобар стрелец на крајот од сезоната.

По два погодоци имаат постигнато Бесмир Даци од Шкупи, Џибрил Дианесу од Вардар, Антониот Каланоски од Брера Струмица, Аљбин Рамадани од Арсими, Емир Скендери од Беса, Кире Стојанов од Беласица, Фламур Таири од Струга, Масаки Такахара од Струга и Амир Фејзулаи од Брегалница.

Дури 48 фудбалери се имаат запишано во листата на стрелци со по еден погодок. Двајца фудбалери си имаат постигнато автогол, Дарко Донов од Вардар Неготино и Благој Хаџи Кимов од Брегалница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!