Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа Валандово убедлива во Струмица, во Дојран постигнати 10 гола, Хоризонт Турново до три бода!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија - Победа Валандово
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од деветтото коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а на сите пет средби беа постигнати голови.

Најубедлив триумф оствари екипата на Победа Валандово, која на гостувањето во Струмица ја декласираше Тиверија со високи 1-6. Веќе во 3. минута автоголот на Глигор Атанасов го отвори резултатот, а потоа Ристо Миленковиќ со два брзи погодоци (12’ и 22’) донесе водство од 0-3 на полувреме.

Во вториот дел Тиверија намали преку Мичо Митревиќ, но гостите доминираа до крај. Погодоците на Кирил Коколански, Лазар Баљозов и Христијан Ризов ја потврдија убедливата победа на Победа Валандово.

ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија – Победа Валандово

Натпреварот го одбележа силната поддршка од верните „калинкари“ кои даваа силна поддршка за Победа во текот на целиот меч.

ФОТО: Спортска Мрежа | Тиверија – Победа Валандово

На домашен терен Хоризонт Турново славеше со 4-1 против својот противник. Победникот беше решен уште во првото полувреме со головите на Васко Коцев, Димче Јовов и Дејан Блажевски, додека во вториот дел Борис Србаков зголеми на 4-0. Гостите го постигнаа почесниот погодок преку Илија Шуманов во 79. минута.

Во Берово, Ударник од Пирава стигна до минимална гостинска победа од 0-1 против Малеш, благодарение на херојот Александар Тенекеџиев, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.


Без победник заврши дуелот меѓу Карбинци и Брегалница Делчево, кои ремизираа 1-1. Гостите поведоа преку Ратко Антонов во 43. минута, но на стартот од вториот дел Христијан Крстов израмни на конечни 1-1.

Голеада во Дојран, каде Овче Поле славеше над Дојранско Езеро со 4-6. Натпреварот го одбележа директниот црвен картон за гостинскиот голман Дарио Димковски во 21. минута, но и покрај тоа тимот од Свети Николе успеа да стигне до висока победа. Хет-трик постигна Роберто Антонов, два гола Тоше Манов, а еднаш погоди Ѓорѓи Султанов. За домашните двоен стрелец беше Петар Илиев, а по еден гол постигнаа Адам Стојанов и Љубе Тасиќ.

Во рамки на 9. коло на Трета лига – Исток слободна беше екипата на Рудар од Пробиштип. Во текот на вечерта следете дополнителен видео извешај на Спортска Мрежа за мечот во Струмица меѓу Тиверија и Победа од Валандово.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПОБЕДА Валандово 8 7 1 0 30 7 +23 22
2 ФК УДАРНИК 8 6 1 1 21 9 +12 19
3 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 8 4 4 0 29 16 +13 16
4 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 8 5 1 2 21 11 +10 16
5 ФК КАРБИНЦИ 8 3 4 1 13 9 +4 13
6 ФК Брегалница 1926 9 3 3 3 13 13 0 12
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 8 2 2 4 5 11 -6 8
8 ФК ТИВЕРИЈА 8 2 1 5 9 18 -9 7
9 ОФК МАЛЕШ 8 1 1 6 9 25 -16 4
10 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 9 1 1 7 10 27 -17 4
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 8 0 3 5 8 22 -14 3

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!