Искусниот фудбалер Зоран Даноски по подолг период се врати на фудбалските терени, 35-годишникот поради повреда подолг период беше надвор од терените, неговиот последен меч беше во дресот на Брегалница одигран 10 ноември 2024 година во Штип, кога Брегалница со 2:1 го доби сега веќе новиот прволигаш Арсими.
Даноски е ново засилување на Големо Коњари, за што Спортска Мрежа ексклузивно го најави овој трансфер на 4. јули годинава, а за новиот клуб одигран два натпревари против Брегалница во рамки на 9. коло и против Каменица Саса во рамки на 11. коло на Втора лига.
Искуството на Даноски ќе биде големо и се очекува да придонесе многу во следните натпревари. Даноски зад себе има исклучително богата домашна но и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Металург, Кожуф, Победа, Тиквеш, Брегалница, додека пак во странство беше дел од неколку екипи во Чешка, потоа настапуваше во Интер Запресиќ во Хрватска, во Србија беше дел од Радник, Пролетер, Младост, Нови Пазар, во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Звијезда.
Даноски тука и ги направи свои први фудбалски чекори, а тука сака да стави и крај на својата голема и богата фудбалска кариера, но и да биде пример за многу млади фудбалери кои ќе го носат дресот на Големо Коњари. Пример како да се следи една успешна фудбалска кариера, како да се изградат во професионални фудбалери.