Останато

ФОТО: Три медали за Македонија на првиот ден на Балканското карате првенство во Хрватска

Сподели
ФОТО: Карате федерација на Македонија
Сподели

Македонските каратисти блеснаа на стартот од Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое викендов се одржува во Риека, Хрватска. Веќе по првиот натпреварувачки ден, Македонија се закити со три медали – две сребрени и една бронзена.

ФОТО: Карате федерација на Македонија

Сребрени медали освоија Нуредин Дервиши и Ера Коџа, додека Недим Шаќири се искачи на подиумот со бронзен медал.

Недим Шаќири во категоријата У-21, -60 кг со борбен и мотивиран настап стигна до заслуженото трето место и донесе нов успех за македонското карате.

Нашата Ера Коџа пак, имаше блескав настап во дисциплината Кумите У-21, -68 кг, каде што се пласираше во финалето и со тоа обезбеди сребрен медал. Во исклучително силна конкуренција, таа демонстрираше врвна техника, голема посветеност и борбен дух.

ФОТО: Карате федерација на Македонија

Овие успеси се потврда за квалитетот и континуитетот на младите македонски каратисти, кои достојно ја претставуваат државата на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!