Кошарка

Феникс со неверојатна победа, ТФТ без проблем до нов триумф, славје и за кошаркарите на Куманово

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Возбудливо шесто коло во македонската кошаркарска Суперлига, кое донесе нови интересни резултати, потврди на фаворитите, но и едно големо изненадување.

Екипата на МКК Куманово по поразот во дербито со МЗТ се врати на победничките патеки со убедлив триумф на гостувањето кај Гостивар (65-79). Избраниците на Марин Докузовски одиграа зрела и контролирана партија во текот на сите 40 минути, а победата ја донесоа со одлично второ полувреме.

Максим Митевски повторно беше прво име со 20 поени и шест скока, а покрај него блесна и искусниот Урош Луковиќ со дабл-дабл ефект од 17 поени и 15 скока. Кај Гостивар најдобри беа Младеновиќ со 16 и Карахоџиќ со 15 поени. Со овој триумф Куманово го задржа чекорот со врвот и остана на второто место со скор 5-1.

Македонскиот вицешампион ТФТ Скопје ја продолжи победничката серија и остана единствено непоразен екипа во лигата. Избраниците на Боро Смилковски славеа против новајлијата Ангели со 67-57 во натпревар кој не донесе премногу убавина, но беше важен за бодовите.

Иако играа без дел од стартерите, ТФТ покажа карактер и рутина. Џастин Гордон повторно беше лидер со 21 поен, додека Зафиров и Иванов додадоа по 12 и 10. Кај гостите одлични беа Ибраими и Балов со вкупно 40 од 57-те поени на својот тим.

Најголемото изненадување на колото го приреди младата екипа на Феникс 2010, која го совлада Тиквеш во Кавадарци со 82-86. Иако кавадарчани имаа висока предност од +16 по серијата (19-0) во втората четвртина, тимот на тренерот Денис Дервишевиќ се врати со неверојатен пресврт.

Во третиот период Феникс реализираше 34 поени, направи целосен обрт и го задржа водството до крајот. Најефикасни беа Дисон и Рахама со по 23 поени, Ниах додаде 19, а Златевски 10. Кај Тиквеш, Андерсон постигна 19 поени, а Бошалевски 18.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Кошарка

Адамовска на врвот кај асистентите – промени на индивидуалните листи во Првата женска кошаркарска лига

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до...

Кошарка

Триумф на EUROEDIL HOLDING против САД на стартот од Red Bull турнирот 3×3 во кошарка во Дубаи

Момците од EUROEDIL HOLDING го отворија учеството на престижниот Red Bull Half...

Кошарка

МЗТ Скопје рутински до третата победа против Јахорина во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа својата трета победа во АБА...

Кошарка

Струмица ФМП со прв сезонски пораз откако загуби во Штип во дербито со Соколи

Екипата на Соколи 1933 го доби дербито на 5. коло во групата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!