Втора женска фудбалска лигаФудбал

Трајков ќе им суди на Конзули и Билјанини Извори, Здравески на Порече и Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност
Сподели

Со еден натпревар утре и два во недела ќе се одигра 7. коло на Втората женска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите натпревари од оваа рунда.

Утре, екипата на Слободен ќе го пречека тимот на Борец, во меч каде домаќинот гледа идеална шанса за позитивен резултат.

Јована Максимовска ќе биде главен судија, а помошници ќе бидат Теодора Крстевска и Ангела Милановска, а пак Бурханедин Салихи ќе биде контролор.

Натпреварот се игра во Горно Лисиче со почеток од 13:30 часот.

Порече како фаворит ќе го пречека тимот на Плачковица од Радовиш, а Димитар Здравески ќе биде главен судија. Помошници ќе бидат Дино Конески и Дарко Макалоски. Контролор на средбата ќе биде Илчо Јорданоски.

Натпреварот се игра во Македонски Брод со почеток од 13 часот.

Битолски Конзули мечот со Билјанини Извори ќе го одигра на Градскиот стадион во Ресен. Борис Трајков ќе го суди овој дуел, а негови помошници ќе бидат Иле Мишески и Филип Боцески. Контролор на средбата ќе биде Зоран Костоски.

Натпреварот е закажан за во 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!