Прва женска фудбалска лигаФудбал

Левески главен во Битола, Спасова ќе им суди на Кочани и Љуботен, Изеири патува во Струмица

Сподели
Сподели

В недела се играат натпреварите од 12. коло на Првата женска фудбалска лига, а за истите веќе се делегирани судиите кои ќе делат правда.

Тиверија Брера на домашен терен ќе се соочи со Скопје, во дерби меч каде правда ќе дел Вјолца Изеири, а нејзини помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека пак контролор ќе биде Васил Аџиев.

Топ Гол на домашен терен ќе игра дерби од дното за опстанок со Речица, а делител на правдата ќе биде Димитар Левески. Негови помошници ќе бидат Ангела Домазетоска и Стефан Петрушевски. Контролор на средбата во Битола ќе биде Горан Ангелески.

„Фенерџијата“ Кочани на домашен терен ќе се соочи со шампионот Љуботен кој ќе биде апсолутен фаворит. Правда ќе дели Александра Спасова, а помошници ќе бидат Татјана Ивановска и Станко Митровиќ, а пак Марјан Петров ќе биде контролор.

Дерби ќе се игра во Македонска Каменица каде Каменица Саса оди на мегдан со Ас Јунајтед од Струга. Боби Величков ќе биде главен судија, а пак помошници ќе бидат Радмила Неркова и Александар Ајдаров. Контролор на средбата ќе биде Сашо Иванов.

Ангела Рајчевска ќе им суди на Истатов и Вардар, во меч каде домаќинот е голем фаворит. Помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Тамара Астарџиева. Контролор на средбата ќе биде Дејан Неделкоски.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!