В недела ќе се играат натпреварите од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Во Ново Село ќе се соочат екипите на Огражден и Илинден во натпревар каде домаќинот ќе се бори за второ сезонско славје, додека пак гостинот од Добрејци ќе бара трет триумф, а со тоа можност и за прогрес на табелата.
Мега дерби се игра во Пиперово – Единство на мегдан со Напредок од Радово за први бодови и за прв позитивен резултат. Двете екипи се на дното од табелата без бодови и со три порази од три натпревари.
Во Куклиш силите ќе ги одмерат лидерот Интер Кукла и гостинот Спартмани од Балдовци. Ова ќе биде дерби за врвот и меч кој може да го даде и новиот тим кој ќе биде на челната позиција.
Интер Кукла има максимални девет бодови на своето конто и игра во перфектна форма, а пак Спартмани е трет со седум бодови и ќе се обиде да биде првиот тим кој го совладал составот од Куклиш.
Слога од радовишко Злеово ќе атакува на прв сезонски триумф против тимот на Дрвош кој ќе биде фаворит на овој меч.
Слога е од три меча има два порази и едно реми, а со тоа и еден бод на табелата, додека пак тимот на Дрвош е во далеку подобра форма со две победи и едно реми, па со седум бодови го дели второто место, се надевам на позитивен резултат против Слога и можност да го преземе врвот, ако Интер Кукла направи „кикс“ со Спартмани.
- ТАБЕЛАТА ВО ОФЛ СТРУМИЦА:
