РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Милевски: Алиоски ќе недостига, но шансата е за другите играчи да се наметнат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани играчи за контролниот натпревар против Летонија на 13 ноември и за последниот квалификациски дуел против Велс на 18 ноември за Светското првенство 2026.

„Списокот е речиси идентичен со претходниот, со дополнување на Димоски, Трапановски и Ќамили, кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави и подготвени за повикот во понеделник. Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик.

Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ќе го искористиме за да им дадеме шанса на играчи со помала минутажа и да пробаме одредени идеи, секако, важен е и за ФИФА ранкингот и идната ждрепка.

Без разлика на тоа што мал дел од фудбалерите имаат континуирана минутажа во клубовите, секогаш даваат максимум во дресот на Македонија. За мене тие се феномени. Да играш на вакво ниво без ритам е за почит. Секој си го заслужил местото во репрезентацијата.

Жал ми е што ќе недостига Алиоски, тој е важен за нас, но ова е шанса за другите да се наметнат. Против Велс одиме со ист пристап, без калкулации, со желба за победа и докажување дека Македонија со право е меѓу најконкурентните во баражот за Мундијал“, изјави селекторот Милевски.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 10 ноември. Во групата за квалификациите за СП 2026, Македонија зазема второ место со 13 бодови, еден помалку од водечката Белгија. Велс е третопласиран со 10 бодови и има натпревар помалку од нашата селекција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!