По осум одиграни кола нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци во Втората лига. Дарко Грозданоски од Кожуф е на врвот со седум погодоци, а толку има и Симеон Христов од Македонија ЃП.
По пет погодоци имаат тројца фудбалери односно Димче Јовов од Беласица, Аљбин Рамадани од Арсими и Никола Талески од Победа.
По четири погодоци во Втората лига на осум натпревари имаат постигнато Хусеин Демири од Башкими и Андреј Симевски од Каменица Саса.
По еден автогол си имаат постигнато Мартин Димоски од Каменица Саса, Павле Петров од Борец и Лука Трајкоски од Детонит Плачковица.