КупФудбал

Брера ја совлада Беса, историски успех за Детонит кој оди во четвртфинале во Купот, Арсими направи големо изненадување!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Спортска Мрежа од Струмица

На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица во рамки на осминафиналето од Купот се соочија Брера Струмица и новиот прволигаш Беса од Добри Дол, меч каде двете екипи по еднаш променија тренер, меч каде императивот за следна фаза беше голем и кај едните и кај другите. Исходот беше 2:0 за струмичани кои се пласираа во четвртфиналето.

Натпреварот започна со иницијатива на домашните, но немаше реализација со игра на средина. Првиот дел помина со неколку шанси и на двете страни но без погодоци.

Најголемата шанса Брера ја имаше преку Мато кој биеше одлично, но Захов одлично интервенираше, а потоа и Каланоски имаше своја шанса, но одново Захов читаше одлично.

Во вториот дел Беса беше повеќе конкретна и притискаше за погодок. Брера по притисокот на противникот креираше шанси, но без реализација.

Во финишот на мечот Даниел Миловановиќ постигна гол за водство на Брера од 1:0. Во финишот на мечот Мато имаше шанса, ја испрати топката кон голот на Захов по земја, а тука Каланоски не успеа да ја закачи за нов гол.

Пред самиот крај Мато ги постави конечните 2:0 со што Брера оди во следна фаза.

Највозбудливо беше на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде се соочија Вардар и Тиквеш, натпревар кој беше најавен и како тензичен со оглед на тоа како поминаа двете екипи во првенствениот натпревар, а од истиот бранителот на Куп титулата доби суспензија на теренот од два натпревари.

Денес и верните „Комити“ на западната трибина на арената се собраа под мотото „Народен фронд за Вардар“ од каде се бараше и промена на раководството на Вардар од страна на новиот сопственик поради лошите резултати.

На арената исходот од Купот меѓу овие две екипи беше 2:0 за Вардар и следна фаза од Купот за најтрофејниот клуб, кој до двата погодоци дојде преку Дјибрил Дианесу во 75. и 93. минута со што Тиквеш не успеа да го одбрани Купот на Македонија, откако заврши со настапите уште во осминафиналето.

На Градскиот стадион се соочија второлигашот Арсими против охридскиот прволигаш Воска Спорт каде следна фаза од Купот обезбеди Арсими кој направи големо изненадување со голем триумф од 3:1 над охридскиот прволигаш. Ларсон ја донесе Воска до водство по пет минути игра, а потоа Абдули во 22. минута погоди за 1:1 по првите 45 минути. Во второто полувреме Зеќири постигна гол за пресврт и водство од 2:1, а во судиското надополнување Аљбин Рамадани кој е најдобар стрелец на Арсими постигна гол за конечни 3:1 и обезбедено место во четвртфиналето.

Гостивар на „Борис Трајковски“ во скопско Маџари се соочи со штипскиот второлигаш Брегалница каде со автоголот на младиот Благој Хаџи-Кимов прволигашот оди во четвртфинале со минимални 1:0.

Детонит Плачковица направи нова историја откако го совлада Пелистер преку пенали и патува во четвртфинале. Во регуларниот дел беше 1:1 откако радовишани преку Лука Трајковски прво дојдоа до водство од 0:1 по само девет минути игра резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Дамјан Масевски постигна гол за 1:1 во регуларниот дел, па победникот се бараше во пенал рулетот.

Во првата серија за Пелистер погоди Благоја Љамчевски, а пак за радовишани погоди капитенот Иван Настевски. Во втората серија Мирко Ивановски промаши, а пак Оливер Христов беше прецизен за 1:2 во пелан серијата.

До крајот Славчо Јанев и Сухејб Рушити беа прецизи, а за Пелистер промаши Александар Ристовски.

Штипскиот стратег Горан Здравков го прероди тимот откако со Детонит Плачковица обезбеди историско четвртфинале во Купот на Македонија, што е нов голем успех за радовишани.

Шкендија Арачиново направи изненадување во првата фаза од Купот и со тоа обезбеди осминафинале, а денес во Тетово се соочи со прволигашот Шкендија Арачиново, практично екипата од Арачиново беше единствениот третолигаш во осмифиналето. Денес во Тетово имаше само еден гол со кој прволигашот оди во следна фаза, а стрелец беше Адеми во 72. минута.

Во Кратово екипата на Силекс го пречека тимот на Шкупи каде во регуларниот дел немаше погодоци, па победникот се бараше преку пенали каде Силекс со 4:3 беше подобар. За Силекс прецизни во пенал-лотаријата беа Тимовски, Ѓорѓиевски и Донов, а пак за Шкупи погоди Едмундсон, а промашија Имери и Алберт.

Струга Трим Лум на домашен терен се соочи со поранешниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП, каде прволигашот со 2:0 патува во следната фаза. Во 25. минута Таири постигна гол за 1:0, а конечниот резултат го постави Кехинде.

Четвртфинале обезбедија екипите на Брера Струмица, Силекс, Гостивар, Шкендија, Арсими, Детонит Плачковица, Вардар и екипата на Стругаа Трим Лум, а со ждреб ќе бидат утврдени двојките.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јанта Волеј КВ на врвот од табелата, Работнички и Наковски Волеј израмнети!

По осум одиграни кола во Првата одбојкарска лига во женска конкуренција, екипата на Јанта Волеј КВ е на врвот од табелата со 23...

Кошарка

Како изгледаат табелите во Третата кошаркарска лига?

Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 5. коло во Третата кошаркарска лига на Македонија, која е поделена во три групи, односно група А,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

„Комити“ на прес-конференција: „Ни кажаа или Миленко во Вардар или клубот нема да постои“!

Фудбалскиот клуб Вардар од летово има ново раководство, по превземањето на клубот...

ФудбалФутсал

Конзули со сигурен триумф над ССК Скопје го затвори 6. коло во Втората футсал лига

Вечерва во Битола беше комплетирано 6. коло во Втората футсал лига на...

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) ЦЕЛ НАТПРЕВАР: Овче Поле – Хоризонт Турново, 5. коло Трета лига – Исток

Погледнете го целиот натпревар меѓу Овче Поле и Хоризонт Турново, кој се...