Во пријателска средба во Скопје, претседателот на фудбалскиот сојуз (ФС) на Охрид, Диме Попоски, беше во друштво со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Средба на старите спортски фудбалски легенди кои живеат и творат за македонскиот фудбал.
Попоски е фудбалска легенда од Охрид, човек кој живее за фудбалот, кој дал многу за фудбалот во минатото, но и натаму дава за него, бидејќи љубовта кон фудбалот е голема. Тој е добар пријател со претседателот Омерагиќ.
Инаку, претседател на ФФМ, Омерагиќ за кратко време направи значителни промени во македонскиот фудбал.
Две спортски легенди кои живеат за фудбалот, работат за фудбалот и делат иста цел – уште посилна и поквалитетна македонска фудбалска сцена, која ќе биде гордост за целата држава.