Ракомет

Во Богданци нема бодови: Младост ја „здроби“ Јехона, Драчево го освои Свети Николе!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност
Сподели

Екипата на Младост ја продолжува големата победничка серија, во Богданци не се даваат бодови, Јехона во целост беше декласирана со резултат од 45:28, во меч од 8. коло на Првата ракометна лига.

На почетокот од мечот гостинот се обидуваше да парира, но после 19. минута кога беше 10:10 домаќинот започнува да гради сериозна резултатска предност и на полувреме замина со резултат од 21:13.

Во вториот дел на рутина и без проблеми Младост стигна до убедлива победа од 45:28.

Лазар Адамовиќ постигна 10 погодоци, а го следеше Душан Каркалашев со осум реализации, кај гостинот стандардно се истакна Адис Салиу со девет погодоци.

Македонија Ѓорче Петров без проблеми го доби тимот на Шампион со убедливи 39:20. На овој меч прво име кај домаќинот беше Мартин Бучуковски, а кај Шампион 12 погодоци имаше Давид Јовчевски.


Драчево Јуниор ја оправда фаворитската улога во Свети Николе каде со 19:22 го доби тимот на Овче Поле, додека пак екипата на Партизан на домашен терен со 33:29 го доби мечот со Преспа.

Висока победа однесе тимот на Текстилец од 16:49 над „фенерџијата“ Кичево. За штипскиот тим прво име беше Филип Џинес со 15 погодоци, а пак Јован Атанасовски имаше девет. Кај домашниот тим Филип Тошеф имаше десет погодоци.

Колото се затвара утре со мечот меѓу Вардар Неготино и Аеродром, каде домаќинот е голем фаворит.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!