Кошарка

Баскет Кам доминира во дербито – Максимовска ѕвезда на колото во Првата женска кошаркарска лига

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Баскет Кам триумфираше во дербито на колото против Крива Паланка, повторувајќи го сценариото од ланското финале. Иако првото полувреме беше изедначено, шампионките одиграа моќно во вториот дел и на крај славеа со 83:70, запишувајќи го третиот сезонски успех во Првата женска кошаркарска лига.

Во првите 20 минути резултатот беше тесен (38:35 за Баскет Кам), но во продолжението гостинките од Македонска Каменица целосно го презедоа ритамот. Одбраната на Крива Паланка се фокусираше на Кметовска и Димова, но блесна Сара Максимовска, која одигра натпревар за паметење – 25 поени (4/5 за три, 5/7 за два), 10 скока и 3 асистенции.

Одлична поддршка ѝ дадоа Ивана Кметовска со 23 поени и 9 скока и Сања Адамовска со 22 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Кај домашниот тим, најдобра беше Алексис Пул со 23 поени и 6 скока, додека Ѓорѓиевска постигна 20 поени, но недостасуваше придонес од странските кошаркарки Ниехуес и Грин.

Со овој триумф, Баскет Кам уште еднаш потврди дека останува прв фаворит за одбрана на титулата.

  • Пробаскет убедлив пред своја публика – Вардар во драма до победа

Во другите натпревари, Пробаскет убедливо славеше над Патриот 2016 со 91:53, пред своите навивачи. Тимот од Кавадарци имаше дури четири кошаркарки со двоцифрен број на поени.

Најрасположена беше Милица Јовановиќ со 19 поени и дури 12 асистенции, додека Кајла Томас забележа нов дабл-дабл со 17 поени и 13 скока. Своја минута добија и Стоева (13 поени) и Петровска (12 поени).

Кај гостинките од Делчево, Рашова и Шипова реализираа по 17 поени, а Рашова запиша и 15 скока.

Во Скопје, драматичен натпревар одиграа Вардар и МЗТ Бела Вода, кој заврши со тесна победа на „црвено-црните“ со 55:53.
Клучниот момент се случи шест секунди пред крајот, кога младата Трајковска беше прецизна од линијата за слободни фрлања.

Најефикасна кај Вардар беше Пислевска со 14 поени, додека Тасевска постигна 10 поени и 11 скока. Кај гостинките се истакнаа Алексова и Сарафилоска со по 13 поени.


  • Бадел 1862 убедлив против Спорт Тим

Бадел 1862 запиша рутинска победа над Спорт Тим со резултат 70:41, покажувајќи доминација уште од самиот старт.
Првата четвртина заврши со убедливи 28:5, а на полувреме беше дури 48:15.

Тренерот Дарко Димитријевиќ во вториот дел им даде шанса на младите кошаркарки, но и покрај тоа, тимот од Кисела Вода одржа високо ниво на игра.
Клири реализираше 15 поени, Маркоска 14, а Петрушевска 13.

Кај гостинките, Коцева постигна 12 поени, а Митановска 11.


  • Максимовска ѕвезда на колото – Пул и понатаму најдобар стрелец

Третото коло од Првата женска кошаркарска лига го обележа фантастичниот настап на Сара Максимовска од Баскет Кам, која беше вистински „џокер“ во победата над Крива Паланка. Со индекс 34, таа е и највредна кошаркарка на колото.

Покрај неа, во идеалната петорка се најдоа и Ивана Кметовска и Сања Адамовска (двете од Баскет Кам), како и Милица Јовановиќ и Кајла Томас од Пробаскет.

Во индивидуалната статистика по три одиграни кола, Алексис Пул од Крива Паланка води во поени со просек од 26.6, пред Кајла Томас (25) и Маргарита Чипова (23).

Томас е најдобар скокач со 16.3 по меч, пред Кметовска (12) и Ниехуес (11.3).
Јовановиќ води во асистенции (8 по меч) и освоени топки (4), додека Ниехуес е најдобар блокер со три блокади по натпревар.

Чипова е играчка со најмногу минути на паркетот (просек 39:23), а Рашова има највисока реализација на слободни фрлања (94.7%).
Во шутот од поле, Пул има најдобар процент за два поени (71.1%), а Адамовска, Максимовска, Чолакоска и Митева се на врвот во обидите за три поени со 50% успешност.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!