Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново ги осуди настаните, ФК Победа: Гостите фрлија со шише кон трибината

Сподели
ФОТО: ФК Победа
Сподели

По вчерашниот меч во Прилеп каде Шкендија Арачиново со минимални 0:1 славеше над Победа, се случија немили настани, каде имаше обид за насилно влегување во соблекувалната на гостинскиот тим преку прозорот кој беше скршен, но полицијата спречи лицето да влезе.

Веднаш по овој немил настан реагираше Шкендија Арачиново, која ги осуди овие настани во Прилеп и побара ФФМ да преземе соодветни мерки и да изрече санкции.

„Сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп немаат никаква врска со фудбалот и со спортскиот дух кој овој спорт треба да го претставува. Она што се виде на трибините и околу теренот не се слики кои му доликуваат на една фудбалска средба.

Расистичките навреди, провокациите и непримерното однесување не му помагаат на спортот – напротив, тие го нарушуваат угледот на фудбалот, на клубот и на самото натпреварување.

Како клуб, остро ги осудуваме овие срамни постапки кои го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи.

Од Фудбалската федерација на Македонија бараме да преземе соодветни мерки и да изрече заслужени санкции кон организаторите на овој натпревар, за да не се дозволи повторување на вакви инциденти во иднина.

Фудбалот е игра што треба да обединува, а не да разделува“, се вели во соопштението на ФК Шкендија Арачиново.

Веднаш се огласија и од Победа со нивно соопштение за случувањата по натпреварот.

„Инцидент по натпреварот Победа – Шкендија Арачиново!

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата.

Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување настана инцидент предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа. Според присутните сведоци, кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим, што предизвика реакција од дел од прилепската публика.

Навивачите на Победа, испровоцирани од ваквиот потег, спонтано реагираа, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето и присутните редари, како и полицијата.

Од клубот ФК Победа истакнуваат дека натпреварот бил организиран според сите пропишани стандарди и мерки за безбедност, и дека инцидентот настанал исклучиво како резултат на несоодветното однесување на гостинската екипа по завршувањето на мечот. И покрај непријатниот епилог, прилепскиот клуб останува посветен на спортскиот дух, фер-плејот и почитта кон сите противници, со надеж вакви појави да не се повторуваат на фудбалските терени“, велат од ФК Победа.

Останува сега да видиме како ќе реагира ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!