РакометРакометна репрезентација

Јапонија славеше против Македонија во Куманово

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Во возбудлив пријателски натпревар, репрезентацијата на Јапонија ја совлада Македонија со 32-31, во меч кој донесе многу динамика, пресврти и корисни поуки за избраниците на Кирил Лазаров.

По првиот тест-меч што беше затворен за јавноста и служеше за проверка на формацијата, овојпат селекторот Кирил Лазаров очекуваше појасна слика за подготвеноста на избраниците.

Јапонците повторно потврдија дека нивниот стил е нешто што ретко се гледа во европскиот ракомет – експлозивен, брз и технички совршено изведен. Иако физички пониски, со комбинации во трчање и постојани промени на позиции, тие ја разбиваа македонската одбрана која често реагираше задоцнето.

Играчите како Ишида Томоки, Еномото Југа и Јошино Тацуки беа постојана закана. Македонија се обидуваше да најде ритам, но осцилациите во играта – „топло-ладно“ – ја чинеше сигурноста во клучните моменти.

Кога Јапонија поведе со 27-25 во 49. минута, Лазаров се реши повторно да го внесе Мартин Томовски меѓу стативите. Тој донесе свежина, но пропуштените шанси во напад значеа дека гостите ќе го зголемат водството на 28-25.

Македонија сепак не се предаде — Серафимов и Џонов со брзи погодоци ја вратија неизвесноста, а Костески во последните пет минути израмни на 30-30.

Во финишот, Јапонците повторно пронајдоа начин да дојдат до предност преку Мизумаки (32-30), а иако Џонов веднаш врати, шансата за израмнување на самиот крај пропадна. Ударот од крило заврши во рацете на Ивашита, кој ја запечати победата за својата селекција.

Јапонците уште еднаш покажаа дека ракометот не е само прашање на висина и сила, туку и на ритам, брзина и концентрација. За Македонија, овој пораз може да биде корисна лекција — дека за да се победи ваков противник, треба повеќе фокус, подобро движење во одбрана и конкретност во нападот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата лига во Гази Баба со голем број погодоци на секој меч....

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во меч од 5. коло на Првата футсал лига. До овој голем...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар Неготино како „експресен воз“ го „прегази“ Радовиш, Македонија Ѓорче Петров со голема победа го „тресна“ Пролет

Деветтото коло од Првата ракометна лига во машка конкуренција донесе пет гостински...

Ракомет

Сите патишта водат кон „Млаз“ – Богданци и целиот Југоисток се обединуваат за првата победа на Младост!

Во сабота, Богданци повторно ќе живее за ракометот! Легендарната сала „Млаз“ се...

Ракомет

(ВИДЕО) Кадетите на Младост со голема победа против Куманово – Иванџиков постигна 12 гола, плеј-офот сè поблиску!

Кадетите на РК Младост 1977 од Богданци забележаа значајна победа во Кадетската...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!