Викендот во рамки на 6. коло од Втората женска фудбалска лига екипата на Победа Валандово 16 по упати силна порака за подигање на свеста за рак на дојка.
„Розов октомври е месец за подигање на свеста за рак на дојка, физичката активност го намалува за околу 20% ризикот од рак на дојка. Превенцијата и редовните лекарски прегледи спасуваат живот“, велат од ЖФК Победата Валандово 16.
Клубот од Валандово настапува во Втората женска фудбалска лига, клуб кој има поставена одлична организација, клуб кој е максимално посветен на поставување на здрави темели и со тоа градење на тим со млади фудбалерки, кои првенството ќе бидат на вистинскиот пат, на патот кон спортот, а потоа и кон градењето на нивните кариери.