Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера го декласираше Ас Јунајтед, Саса се „истури“ на Речица!

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Тиверија Брера со убедливи 6:1 го декласираше Ас Јунајтед од Струга во меч на тотална доминација на струмичанки на домашен терен. Ива Јосифова беше стрелец на два гола, а по еден гол постигнаа Пецева, Гоја, Панеска и Галабовска.

Шампионот Љуботен со 3:0 го доби повратникот во елитата Атлетико од Битола во натпревар каде искусната голгетерка Хава Мустафа постигна два гола, а еден гол постигна Паула Алехандра Валбуена Новоа.

Истатов на домашен терен претрпе пораз од Скопје со резултат од 1:2 во натпревар каде Рабија Дервиши по седум минути игра постигна гол за 0:1, а во 30, минута Бесарта Фида си постигна автогол за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме Сара Коларовска ги постави конечни 1:2 во 90. минута.

Речица на домашен терен доживеа висок пораз од Каменица Саса со резултат од 1:6, па „рударките“ по големиот пораз од Тиверија Брера се „истурија“ врз немоќната Речица. Ева Андонова во 3. минута погоди за 0:1, а хет-трик за гостинскиот тим запиша бугарската интернационална Антонина Шопска, а два гола постигна искусната голгетерка Ана Димитровска. За домашниот тим единствен стрелец беше Емили Митковска во 55. минута.

Во рамки на оваа рудна слободна беше екипата на Топ Гол од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!