Трета лигаФудбал

Реми во Крушево, Венец пресилен, по три бода за фаворитите Големо Коњари и Росоман!

Сподели
ФОТО: ФК Венец Долни Дисан
Сподели

Фаворитот Големо Коњари се намачи на домашен терен и со минимални 1:0 славеше над Младост од Кривогаштани со голот на искусниот Мустафа Селманоски во 70. минута.

Поранешниот второлигаш Росоман во меч со седум гола славеше на гостински терен против Слога. Неизвесен меч се одигра во Лажани, а победникот беше реше во 93. минута.

Каришиќ во 7. минута погоди за 1:0, а Темелковски по една минута подоцна за 1:1. Во 43. минута Миланов постигна гол за пресврт и 1:2 на полувреме. Во второто полувреме Слободан Дуков даде гол за 1:3, а потоа со два гол Угљанин израмни на 3:3.

Во финишот двете екипи креираа шанси за погодоци, а во 93. минута Јованов постигна гол за голема победа на гостинот од конечни 3:4.

Влазними Јуниор на домашен терен преку пресврт беше убедливо поразен од Башкими 2008 со резултат од 1:4. По само четири минути игра домашниот тим со голот на Мемедоски дојде до 1:0, а потоа Ахмедовски и Лазами погодија за 1:2 на полувреме. Во вториот дел Ахмедовски и Лазами постигнаа уште по еден гол за конечни 1:4.

Реми со по еден гол за конечни 1:1 на Питу Гули и Бучин. Без погодоци заврши првиот дел, а во второто полувреме Јованоски постигна гол за 0:1, а пак Алиоски во 60. минута ги постави конечните 1:1 за поделба на бодовите.

Венец со убедливи 3:0 го збриша Обршани откако на полувреме со погодоците на Илов и Ристовски имаше два гола предност, а во вториот дел Цветков ги постави конечните 3:0.

Новиот третолигаш Дреново со 4:2 го декласираше Ултрас во меч каде Армен Мемедов беше стрелец на сите четири гола за домашниот тим, а за гостинот стрелци беа Тошески и Тасеки во вториот дел од натпреварот.

Главниот судија Драган Стевановски од Велес имаше доста работа на самиот ме бидејќи подели три жолти картони кај домашниот тим и три жолти кај гостинскиот тим, но и црвени картони.

Капитенот на домашниот тим Ѓоке Ангелов доби црвен картон во 79. минута недозволена игра со рака, а во 90. минута директен црвен картон доби Методиј Наумоски од екипата на Ултрас поради физички напад, како што е заведено во официјалниот записник од натпреварот.

Дополнително на натпреварот биле доделени два директни црвени картони на гостинската управа односно на Димче Христовски во 63. минута, а после натпреварот и на Зоран Ристески.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!