Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе делат правда на „Трофеј Карпати“ во Романија!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова потврда за својот квалитет – ќе делат правда на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“, кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Баја Маре, Романија.

Овој настап претставува уште едно големо признание за македонската судиска школа, бидејќи токму Митревски и Тодоровски веќе неколку сезони се дел од највисокото европско ниво. Нивниот професионализам и доследност на теренот им донесоа доверба да судат натпревари во најелитните натпреварувања, меѓу кои и Лигата на шампионите.

Двојката Митревски–Тодоровски и во 2026 година ќе има значајна улога на континенталната сцена – тие се избрани да бидат официјални судии на Европското првенство за мажи, што е уште една историска потврда за Македонија, бидејќи за првпат ќе има две судиски двојки на големо натпреварување.

На турнирот во Баја Маре ќе настапат репрезентациите на Романија, Украина, Грузија и Словачка. Натпреварите ќе имаат контролен карактер и ќе послужат како подготовка за претстојните квалификации за Европското првенство.

Новото назначување е уште една потврда дека македонските судии оставуваат силен белег на меѓународната сцена, со што ја зацврстуваат репутацијата на нашата судиска школа во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ...

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Поврзани написи
Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!