Останато

Работнички, Борец и Штип УГД со убедливи победи во Првата одбојкарска лига

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Стартот од новата сезона во Првата одбојкарска лига во машка конкуренција донесе победи за фаворитите. Работнички на домашен терен со 3:0 во сетови го доби составот на Скопје.

Со 3:0 во сетови славеше и тимот на ГОК Борец на домашен терен против Лирија, додека пак освојувачот на Купот од ланската сезона екипата на Штип УГД на гостински терен кај Сушево беше убедлива со 0:3 во сетови.

Победа на потежок начин забележа Универзитет во Тетово откако славеше со 3:2 над Шкендија, а пак гостинска победа славеше Македонија Џио, откако во Пробиштип триумфираше со 2:3 во сетови над Весна Пробиштип.

Колото ќе се комплетира со натпреварот меѓу шампионот Струмица и Јанта Волеј, меч кој беше одложен поради европските обврски на струмичани.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ...

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Поврзани написи
Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!