Трета лигаФудбал

Без победник на дербито меѓу Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново, Ржаничино со лото победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Без победник на мега дербито меѓу Еуромилк ГЛ и Шкендија Арачиново од 1:1.

Шаип во судиското продолжение на првиот дел погоди за 0:1, а во второто полувреме Богдановски постигна гол за конечни 1:1.

Кадино со 2:1 преку Благојевски и Николовски запиша победа над Куманово, каде Костовски си постигна автогол.

Риниа преку двата гола на Арифи и голот на Елмази дојде до победа од 3:2 над БВК Коњаре. За гостинот стрелци беа Бакиевски и Демири.

Башкими Љуботен на домашен терен со 3:2 славеше над Пчиња, каде Османи, Курти и Јашари беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот двоен стелец беше Цаневски.

Фортуна со превисоки 4:0 го декласираше Аеродром каде најдобриот стрелец Орхан Мифрати беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Реџепи и Емини.

Мирван Фетаи носи три бода за Беса Влазрими која со 2:1 славеше над Њу Старс, а за кој погоди Ѓорѓијев.

Ржаничино со лото победа од 7:1 над Академија Илинден каде доминираше домашниот тим. Голгетерот Мартин Лазев постигна хет-трик, Петрушевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Калач и Спасевски. За гостинот погоди Сулемани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!