Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го декласираше Борец – петка на Андонова, Конзули и Порече пресилни!

Сподели
Сподели

Шестото коло во Втората женска фудбалска лига донесе очекувани високи резултати за фаворитите.

Најголема победа забележа Билјанини Извори од Охрид, на гостински терен во Велес со 0:14 го декласираше инфериорниот Борец. Ева Андонова беше во полн елемент со постигнати пет погодоци, хет-трик за Викторија Стојаноска, а пак Стефанија Ристова беше двоен стрелец.

По еден гол за Билјанини Извори во Велес постигнаа Марија Бојкова, Зорица Бојкова и Марија Јулчовска.

Фаворитот Конзули лесно се справи со Плачковица откако запиша победа од високи 0:8. Поранешната репрезентативка Мила Талевска постигна четири погодоци, двапати погодоци Мелица Милица Димитриоска, а по еден гол постигнаа Стефани Јовановска и Тамара Нешковска.

Екипата на Порече како на тренинг меч го доби Слободен, кој немаше капацитет да парира на фаворитот од Македонска Брод, па забележа пораз од 1:8.


Капитенката на гостинскиот тим Јована Ѓорѓиоска Блажеска постигна пет погодоци, а по еден гол постигна Драгана Гегова, Милица Јовеска и Сара Матеска. За домашниот тим утешен гол во 44. минута постигна Симона Тасевска.

Во 65. минута капитенот на домашниот тим Нина Алексовска и Тајна Грозданоска од гостинскиот тим заработија директни црвени картони поради физички напад.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!