Трета лигаФудбал

Бод голем како планина за Светлост во Турново, Слога и Овче Поле пресилни без победник во Дојран

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Фаворитот Слога Виница без проблеми прокнижи три бода на гостувањето во Пирава, каде во рамки на 6. коло со 0:3 славеше над Ударник.

Трите гола паднаа во вториот дел, а стрелци беа Давид Ристовски, Октај Амедов и Игор Ѓорѓиев.

Голем бод како планина за Светлост од Зрновци откако одигра 1:1 против екс прволигашот Хоризонт во Турново.

Токму Светлост преку Лазаров во 19. минута дојде до 0:1, а Мицевски во 47. минута ги постави конечните 1:1.

Реми од 1:1 во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Брегалница од Делчево каде за домаќинот стрелец беше Илиев, а за гостинот Ратков.

Карбинци однесе висока победа од 3:1 над струмичка Тиверија на домашен терен и тоа преку пресврт.

Трајков погоди за 0:1 и водство на Тиверија, а за домаќинот во вториот дел стрелаа Димитров, Стојанов и Нешовски.

Овче Поле на крилата на Дарко Нацев го декласираше Малеш со 4:0, откако Нацев имаше хет-трик, а еден гол даде Трендафилов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!