Трета лигаФудбал

Бимбилоски: Кравари е квалитетен тим, очекувам тежок меч!

Сподели
Сподели

Денес во рамки на 6. коло во Трета лига – Југозапад на теренот со вештачка трева во Охрид, Света Троица 2021 ќе се соочи против Кравари. Тренерот на домашниот тим, Боге Бимбилоски вели дека Крвари е квалитетен тим, но очекува неговите играчи да се покажат во одлично издание и со поддршка од навивачите да дојде неговиот тим до победа.

„Играме против квалитетен тим како што е Кравари. Очекувам тежок натпревар, но верувам дека моите играчи ќе даде се’ од себе и ќе ги израдуваат нашите навивачи. Потребни ни се бодови бидејќи следуваат тешки гостување. Ги повикувам сите љубителите на фудбалот да дојдат и да уживаат“, рече Бимбилоски.

Натпреварот се игра денес со почеток од 14 часот, а правдата ќе ја дели Ѓорѓи Лаброски од Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!