Трета лигаФудбал

ФОТО: Превалец го реши Росоман со шест гола, Борец пресилен за Ултрас, трите бодови останаа во Крушево

Сподели
ФОТО: Превалец - Росоман
Сподели

Превалец во моќно издание го декласираше Росоман во дербито на колото, а на кое всушност немаше ниту „Д“ од дерби, откако домаќинот со 6:1 беше убедлив на свој терен и пред својата публика.

Росоман го доживеа својот прв сезонски пораз и тоа од директниот конкурент за првото место.

Росоман прв поведе преку Бојан Миланов во 7. минута од мечот, а потоа домаќинот на полувреме стигна до 2:1, а во вториот дел моќно го доби противникот.

ФОТО: Екипата на ФК Превалец

За Превалец двоен стрелец беше Јосиф Манасиев, а по еден гол постигнаа Александар Јордановски, Давид Спиридонов, Кристијан Маневски и Александар Крстевски.

ФОТО: Превалец – Росоман

Мечот меѓу Башкими од Јаболчиште и Тополка заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за делба на бодовите.

Млекар никако да стигне до прва сезонска радост, откако загуби од Венец со 1:2, па така трите бодови одат во Долни Дисан. За домаќинот стрелец беше Зоран Котески, а пак за гостинот двоен стрелец беше Петар Ристовски.

Ланскиот второлигаш Борец со 2:5 го доби дербито со Ултрас, па така трите бодови одат во Велес. За победникот двапати погоди Илхан Имеров, а по еден гол постигнаа Дејан Стефановски, Теодор Мирчевски и Марко Јанковски, а пак за домаќинот во финишот погодоција Бобан Тошески и Христи Мицевски.

Дреново немаше сили за изненадување и загуби со 0:3 од екипата на Влазними Јуниор, а мечот беше решен во финишот, откако резултатот го отвори Хабијл Ибраими, а пак Мелван Усеиноски беше двоен стрелец.

Трите бодови останаа во Крушево откако екипата на Питу Гули со 2:1 го доби Бучин. Гоце Стојаноски во 24. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот, кој пак во вториот дел во 58. минута преку Ѓорѓи Стрезовски ја дуплираше предноста, а конечните 2:1 ги постави Ѓорѓија Мургоски во 80. минута.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!