Останато

Двојна одбојкарска програма во Скопје – Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ стартуваат во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските шампиони Струмица 47&72 во машка и Јанта Волеј КВ во женска конкуренција, денес ќе имаат настапи во рамките на квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, со двојна програма во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Машкиот првак Струмица 47&72 четврта година по ред ќе биде дел од најпрестижното европско натпреварување, а на стартот ќе има сериозен предизвик – дуел против најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт, денес од 17 часот.

„Четврта година во низа сме дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа сезона имаме подмладен состав и поскромни амбиции. Целта е младите играчи да стекнат искуство, а со поддршка од поискусните да прикажеме квалитетна игра и достоен отпор. Зошто да не освоиме и еден сет“, изјави капитенот Ефтим Ричлиев.

Македонскиот репрезентативец Кристијан Илиев додаде:

„Динамо Букурешт е фаворит, но токму тоа е мотив повеќе за нас да се докажеме.“

Во женска конкуренција, Јанта Волеј Кисела Вода ќе дебитира во Лигата на шампионите. Избраничките на тренерот Никола Јаневиќ ќе се соочат со трикратниот шампион на БиХ – Гацко, денес од 20 часот, исто така во „Јане Сандански“.

„Јанта Волеј КВ испишува историја со првото учество во Лигата на шампионите. Имаме противник по мерка и според анализите сме на исто ниво. Добро работевме во подготовките и имаме позитивна атмосфера во тимот. Скромни сме во очекувањата, сакаме да освоиме сет, а потоа ќе видиме што ќе донесе мечот“, изјави тренерот Јаневиќ.

Капитенот Тамара Тасевска додава:

„Самото учество е голем успех за нас. Помлада екипа сме, но тоа ни носи свежина и енергија. Работиме сериозно и посветено, и се надеваме на позитивен резултат – барем еден освоен сет, а можеби и нешто повеќе.“

Влезот за публиката во СЦ „Јане Сандански“ е слободен, а двата натпревара ќе бидат пренесувани во живо на каналот „Арена Спорт“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

„Секогаш може подобро, но ова е добра увертира за ЕП“ – Галевски по победата над Украина

Македонија забележа пресврт-победа над Украина во второто коло од „Жолтиот Куп“, по влегувањето на Иван Галевски на голот на стартот од второто полувреме....

Европско првенство 2026РакометРепрезентација

Хрватска на ЕП без ракометарот на Охрид – објавен конечниот список на Сигурдсон

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство, што ќе се игра од 15 Јануари до...

Поврзани написи
Останато

Познат изгледот на двојките за претколото од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција

Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе...

Останато

Јанта Волеј се засили со младата репрезентативка Матеа Попоска

Екипата на Јанта Волеј го продолжува процесот на екипирање за понатамошниот дел...

Останато

Ристески: Европската приказна заврши во Милано, но Штип УГД испиша историја

За првпат во македонската клупска историја, во сезоната 2025/2026, дури пет екипи...

Останато

Штип УГД елиминиран во Челинџ купот – Милано пресилен и на реваншот

Одбојкарите на Штип УГД ги завршија настапите во Челинџ купот на ЦЕВ,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!