ФудбалФутсал

Кратово домаќин на Кораби, Овче Поле против ССК, Балкан домаќин на Победа

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со воведниот меч меѓу СЕЕ Униерсити и Конзули во Тетово ќе се отвори второто коло од Втората футсал лига на Македонија.

Битолскиот Конзули првиот меч не го одигра, како што информираше Спортска Мрежа битолскиот тим како домаќин против Овче Поле играше во Свети Николе, но таму се појави само со тројца играчи, па мечот не се одигра.

СЕЕ Университи загуби во Струга во првото коло, а сега ќе бара прва победа во улога на фаворит против гостинот од Битола.

Втората рунда ќе се игра во три дена, в сабота ќе се одиграат три натпревар. Балкан ќе биде домаќин на Победа во меч на две екипи кои тргнаа со триумф. Победа беше пресилна и триумфираше над Карадаку со 23:4, а сигурна победа имаше и Балкан.

Каршиака во првото коло беше слобона, а в сабота на домашен терен ќе игра против Енхалон, гостинот од Струга сезоната ја отвори со триумф.

Кратово на домашен терен ќе бара позитивен резултат против Кораби од Дебар, екипа која на стартот од новата сезона не го одигра првиот меч бидејќи Партизан Југ Брвеница во сала се појави со два играчи, за што исто така информираше Спортска Мрежа.

В недела ќе се одиграат два натпревари за да се комплетира колото.

Ланскиот прволигаш Карадаку во првото коло беше буквално декласиран од Победа, па в недела ќе бара рехабилитација од тој голем пораз кој сака да го заборави брзо против штипски Мал Ајакс, кој пак со триумф ја започна новата сезона.

Ланскиот прволигаш Овче Поле на домашен терен ќе игра против ССК Скопје, па практично за домаќинот ова ќе биде прв меч бидејќи Конзули во Свети Николе дојде со тројца играчи и мечот не се одигра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!