Останато

Почина Гари Модојсан, европскиот шампион со Бучим Јака од Радовиш

Сподели
ФОТО: Adora Business Group | facebook
Сподели

Македонското борење изгуби една од своите најголеми фигури. На 52-годишна возраст, во саботата на 11 октомври 2025 година, почина Гари Модојсан, еден од највпечатливите борци што оставија длабока трага во овој спорт.

Модојсан беше долгогодишен член на Борачкиот клуб „Бучим – Јака“ од Радовиш, каде беше дел од златната генерација која во 1995 година стана Европски клупски шампион, а две години подоцна настапи и во Купот на европските шампиони.

Во својата кариера го носеше дресот на државната репрезентација на Македонија во периодот од 1996 до 1999 година, а токму во 1996 година ја доби и престижната спортска награда „Македонски бисер“, признание кое се доделува на врвни спортисти кои ја афирмираат Македонија на меѓународната сцена.

По завршувањето на активната кариера, Модојсан остана посветен на борењето – од 2010 до 2013 година го предводеше Борачкиот клуб „Бучим“ како тренер, а во исто време ја извршуваше и функцијата селектор на македонската репрезентација, несебично пренесувајќи го своето искуство на младите генерации.

Со неговото заминување, македонскиот спорт изгуби не само врвен борач, туку и човек кој целиот свој живот го посвети на развојот и унапредувањето на борењето во земјава.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!