РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со офанзивен состав го напаѓа Казахстан во клучниот меч за Мундијалот!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра еден од најважните натпревари во квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Со само две кола до крајот, избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата и со триумф против Казахстан ќе направат голем чекор кон историско остварување.

Милевски најави дека ќе оди на победа и тоа го потврди со составот – Македонија ќе настапи со поофанзивна формација, со тројца изразито напаѓачки играчи. На голот е сигурниот Столе Димитриевски, пред него во дефанзивата ќе делуваат Стојчевски, Дарко Велковски и Зајков. Средниот ред го сочинуваат Атанасов, Алими и капитенот Барди, а по крилата ќе дејствуваат Илиевски и Алиоски. Во нападот ќе настапат Миовски и Милан Ристовски, со Елиф Елмас како поддршка во офанзивната третка.

Македонија (3-5-2): Димитриевски; Стојчевски, Велковски, Зајков; Илиевски, Атанасов, Алими, Барди, Алиоски; Елмас, Ристовски.
Казахстан (4-3-3): Сеисен; Каиров, Касим, Алип, Вороговски; Зајнутдинов, Куат, Караман; Кенжебек, Свиридов, Чесноков.

Мечот се игра вечерва од 20:45 часот на Националната арена во Скопје, а паралелно ќе се одигра и дуелот Велс – Белгија, каде што на нашата селекција најмногу ѝ одговара победа на домаќините.

Сите очи се вперени кон Скопје – „црвено-жолтите“ имаат шанса да направат нова страница во историјата на македонскиот фудбал!

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!