ФудбалФутсал

Шампионот Форца како апсолутен фаворит ќе го пречека Кеги Моби

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Шампионот Форца денес како апсолутен фаворит на домашен терен ќе го пречека тимот на Кеги Моби од Велес, во рамки на 3. коло од Првата футсал лига на Македонија, а кое коло беше отворено вчера со победата на Проект од 4:5 над Клими во Кавадарци, за што информираше Спортска Мрежа, а ќе се комплетира утре.

Форца која лани ја свои двојната титула забележа големи резултати и во Европа, а на стартот од новата сезона ги декласираше противниците, па против Кеги Моби ќе биде апсолутен фаворит за нови три бодови и трето славје.

Велешкиот тим ќе има навистина тешко гостување, каде за нив и реми ќе биде повеќе од голем бод на нивното конто.

Форца на стартот од сезоната го декласираше Железарец со 11:1, а потоа во Крива Паланка со 5:9 го доби и Осогово.

Од друга страна Кеги Моби тргна со дебакл откако загуби со 7:1 во Крива Паланка од Осогово, а во втората рунда одигра 4:4 со Клими на домашен терен.

Велешани по два натпревари немаат триумф, а на своето конто имаат еден бод со негативна гол разлика од 5 постигнати и 11 примени погодоци.

Натпреварот ќе стартува во 17:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!