Македонската боречка репрезентација постигна одличен успех на Балканското првенство за пионери што се одржа во Клуж, Романија, освојувајќи вкупно четири медали.
Најуспешен беше Лука Ананиев во категоријата до 44 килограми, кој стигна до сребрениот медал по одличните настапи во текот на турнирот.
Кристијан Атанасов во категоријата до 48 килограми, Мираџ Мустафа до 52 килограми и Даријан Павлев до 68 килограми се закитија со бронзени медали, покажувајќи голем потенцијал и борбен дух.
Македонските пионери ја претставија земјата во најдобро светло, а нивниот успех е потврда за континуираната работа и развој во младинските категории на борењето.