Екипите кои ќе се натпреваруваат во новата сезона од Општинската фудбалска лига во Струмица се подготвуваат за новата сезона со одигрување на пријателски натпревари преки кои ја проверуваат формата.
Екипата на Интер Кукла од Куклиш забележа убедлива победа од 6:1 над Единство од Пиперово.
Овој натпревар беше искористен за проверка на формата од страна на двете екипи пред почетокот на новата сезона во Четвртата лига по ранг на натпреварување во Струмица.

По долги години пауза се реактивираше Општинската фудбалска лига од страна на новото раководство на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица.

Покрај екипите на Интер Кукла од Куклиш и Единство од Пиперово, во новата сезона на ОФЛ Струмица ќе се натпреваруваат и екипите на Огражден од Ново Село, Дрвош од село Дрвош, Илинден од село Добрејци, Слога од радовишкото село Злеово, Спартани од Градско Балдовци и екипата на Напредок од село Радово.
