Трета лигаФудбал

Бархињ Ибраими ќе им суди на Вардар Брвеница и Дрита, Дарко Радевски на Џепчишти и Љуботен

Сподели
Сподели

Денес со два натпреварите ќе биде отворено 4. коло во Трета лига – Запад, а ќе се комплетира со останатите четири кои се играат утре.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата во рамки на четвртата рунда.

Дарко Радески од Брвеница ќе им суди на Џепчишти и Љуботен, а ќе му помагаат Александар Ѓорѓески од Тетово и Идрис Сали од Боговиње.

Нинослав Нанков од Скопје ќе ја дели правдата на мечот меѓу Напредок и Скендербеу во Кичево, а негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Куштрим Лика од Кичево.

Овие два натпреварите се играат денес, а утре ќе се играат останатите четири.

Бенарт Зеќири од Кичево ќе им суди на Зајази и лидерот Камјани, а негови помошници ќе бидат Осман Зеќири и Вели Абдиу, исто така од Кичево.

Ренова на домашен терен ќе се соочи со Доброшти, во меч каде главен судија ќе биде Имран Абази од село Ново Село, Боговиње, а негови помошници ќе бидат Беким Селими од село Порој, тетовско и Идрис Сали од Боговиње.

Во Брвеница силите ќе ги одмерат Вардар и Дрита, а за правдата ќе биде задолжен Бархињ Ибраими од Тетово, а негови помошници ќе бидат Идриз Идризи од Тетово и Орхан Сабрии од село Шемшово, Јегуновце.

Ивица Перовски од Тетово ќе им суди на Речица и Влазерими, меч кој се игра во Голема Речица. Илчо Пауноски и Генти Идризи од Тетово ќе бидат негови помошници.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!