Трета лигаФудбал

Дејан Младеновски ќе им суди на Кадино и Еуромилк, Ненад Тодоровски на Башкими Љуботен и Еуромилк

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со натпреварот меѓу Аеродром и Ржаничино денес ќе биде отворено 5. коло во Трета лига – Запад, а кое се затвара утре.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата, а на денешниот воведен меч главен судија ќе биде Методија Ставров од Скопје, со помошниците Бранко Путилин и Енес Оскача од Скопје.

Валтон Маличи од село Матејче ќе им суди на Студеничани и Беса од Сарај, а ќе му помагаат Фуркан Фетаху и Иљаз Рамадани од Куманово.

Стојанче Колев од Скопје ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот меѓу Фортуна и Пчиња, а негови асистенти ќе бидат Филип Тодоровски и Александар Атанасовски од Скопје.

Кадино на домашен терен ќе се соочи со Куманово, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Бојан Божиновски од Скопје и Христијан Стојанчевски од Скопје.

Борче Павловиќ од Скопје ќе биде главен арбитар на мечот меѓу новиот третолигаш Отља и Беса од Слупчане. Негови помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Александар Николоски од Скопје.

Ненад Тодоровски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Башкими Љуботен и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а ќе му помагаат Теодора Крстевска и Анастасија Брајковска од Скопје.

Лопати во Доброшане ќе го пречека БВК Коњаре, а овде главен арбитар ќе биде Бобан Јовановски од Скопје со помошниците Иван Ивановиќ и Александар Ѓорѓиевски од Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Новаци и Детонит Плачковица се оддалечија од долната тројка, но ги чекаат две различни проверки

Новаци и Детонит Плачковица освоија по три бода во 11. коло и ја зголемија предноста пред екипите во зоната за испаѓање. Новаци ја...

Втора лигаФудбал

Работнички може да го прескокне Пелистер, а напролет ги пречекува двата ривала за врвот

Работнички по победата од 0:3 над Осогово е на еден бод од второто место во Втората македонска фудбалска лига. По 11. коло, Охрид...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!