Трета лигаФудбал

Ристов ќе им суди на Млекар и Борец, Мишески на Ултрас и Влазними Јуниор

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од 4. коло во Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Питу Гули од Крушево.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на шесте натпревари.

Ангелчо Ристов од Неготино, со неговите помошници Зоран Ангелов и Ване Данилов, исто така од Неготино ќе ја дели правдата на мечот меѓу Млекар и Борец од Велес.

Душко Стојсавлевиќ од Прилеп ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Тополка. Негови помошници ќе бидат Филип Боцески од Прилеп и Тони Гурев од Кавадарци.

Ултрас на домашен терен ќе игра против Влазними Јуниор, а Иле Мишески од Прилеп ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Борис Трајков и Оливер Мирчески, исто така од Прилеп.

Во Чашка ќе се соочат Башкими од Јаболчиште и Росоман, а Дарко Макалоски од Прилеп ќе биде главен судија со Куре Кулески од Прилеп и Драган Јончески од општина Долнени кои ќе бидат негови асистенти.

Методија Костов од Велес го доби дуелот меѓу Дреново и Бучин, а ќе му асистираат Мирко Најдов и Славче Шопоски, исто така од Велес.

Превалец на домашен терен ќе игра со Младост од Кривогаштани, а за правдата ќе биде задолжен Тоше Ицев од Кавадарци, а ќе му помагаат Александар Трајков и Лазар Стоев, исто така од Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!