Трета лигаФудбал

Џамов главен во Пробиштип, Јовановски ќе им суди на Хоризонт Турново и Карбинци на „Кукуш“

Сподели
Сподели

Утре ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Трета лига – Исток, а веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите кои ќе започнат во 15 часот.

Во рамки на петтата рунда слободна ќе биде екипата на Светлост од Зрновци.

Во Свети Николе се среќаваат Овче Поле и Ударник, а правдата ќе ја дели Тодор Апостолов од Зрновци, кочанско, негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев од Кочани и Николе Симонов од Свети Николе.

За правдата во Пробиштип каде ќе се соочат Рудар и Победа од Валандово ќе се погрижи Тоше Џамов од Кочани, со неговите асистенти Петар Михаилов и Даниел Ангелов, исто така од Кочани.

Блаже Петковски од Миравци ќе патува во Дојран, каде ќе им суди на Дојранско Езеро и Брегалница од Делчево. Негови помошници ќе бидат Кирил Манчев и Петар Манчев од Валандово.

На стадионот „Кукуш“ силите ќе ги одмерат фаворитот Хоризонт Турново и Карбинци, а Јордан Јовановски од Гевгелија ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Борче Коцев од Радовиш и Славе Станисавовски од Валандово.

Иван Јанев од Штип ќе патува во Берово каде ќе ја дели правдата на мечот меѓу Малеш и Тиверија, а негови асистенти ќе бидат Александар Гигов и Марио Кочијев од Штип.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!