Вечерва во 21:00 часот ќе можете премиерно да го проследите натпреварот од 3. коло во Трета лига – Југозапад меѓу Света Троица од Охрид и Влазними од Струга.
Натпреварот ќе се емитува на YouTube каналот Спортска Мрежа Podcast со почеток во 21:00 часот, а гледачите ќе имаат можност во живо да поставуваат прашања и да коментираат, со што заеднички ќе ја следиме и анализираме средбата.
Натпреварот се одигра на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Натпреварот ќе започне во 21 часот, а истиот можете да го следите на линкот подолу.