Останато

Даниела Алексовска освои бронза на Светското ММА првенство во Тбилиси

Сподели
Сподели

Македонската ММА шампионка Даниела Алексовска го заокружи настапот на Светското првенство во Тбилиси, Грузија со нов медал за Македонија. Таа успеа да се пласира меѓу најдобрите три во својата категорија до 52.2 кг и да освои бронзен медал.

Во полуфиналната борба Алексовска влезе мотивирано и ја започна борбата поагресивно од својата противничка. Уште во првата рунда таа погоди со повеќе чисти удари и ја презеде иницијативата. Сепак, во втората рунда Азербејџанката Нармин Алијева ја искористи својата шанса и со вешт зафат успеа да ја принуди нашата натпреварувачка да се предаде.

И покрај поразот, Алексовска уште еднаш покажа дека припаѓа во самиот врв на светската ММА сцена. Со овој освоен медал  таа ја збогати својата колекција на медали, во која веќе се наоѓа и златото од Европското првенство во февруари оваа година, како и бронзата од Светското првенство во Узбекистан во 2023.

Со вакви борбени настапи и високи резултати, Алексовска се наметнува како едно од најголемите имиња во македонските боречки спортови и мотив за идните генерации спортисти.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!