Прва женска фудбалска лигаФудбал

Убедливи победи за Љуботен и Каменица Саса, Истатов ја продолжува победничката серија!

Сподели
Сподели

Дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера не се игра во сјајот од минатата сезона, шампионот стигна до лесна победа од 4:0 на домашен терен и речиси сигурно оди кон одбрана на титулата.

Тетовскиот тим нема конкрент како тргнало во новата сезона и лесно ќе стигне до својата петта титула во клупската историја.

Победникот беше решен уште во првиот дел, а голеадата започна преку Хава Мустафа во 2. минута од мечот, во 40. минута Меланија Грозданова постигна гол за 2:0, а во 45. минута од белата точка капитенката Александра Марковска погоди за 3:0.

Во вториот дел интернационалката од Нигерија, Мариан Огочукву Охадиве ги постави конечните 4:0 во 72. минута од средбата.

Лото победа за Скопје од 0:7 над Вардар на „Цементарница 55“. Разликата во квалитет го направи гостинот апсолутен фаворит кој лесно дојде до убедлива победа.

Рабија Дервиши беше во полн елемент и расположена за погодоци, па погоди четири пати, по еден гол постигнаа Сара Ефтинџиоска и Јована Каралиоска, а пак Александра Јовановска си постигна автогол.


Истатов ја продолжува својата победничка низа откако на домашен терен славеше висока победа од 3:0 над Топ Гол од Битола.

По само десет минути игра Радица Чонева го отвори резултатот за водство на домашниот тим, а на полувреме Истатов имаше 1:0 предност.

Во второто полувреме Тамара Давчева во 61. минута си постигна автогол, а веќе во 65. минута резултатот беше 3:0 за домашниот тим откако погоди Андреа Коловска.

Кочану доживеа нов висока пораз на гостување во Македонска Каменица, каде домаќинот Каменица Саса со 8:0 извојува висока победа над „фенерџијата“.


Капитенката Ана Димитровска беше стрелец на четири погодоци, Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо постигна два гола, а по еден гол постигнаа Антонина Шопска и Христина Јованоска.

Колото ќе се затвори на 2 октомври со натпреварот во Струга меѓу Ас Јунајтед и Речица.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Δ
1 ЖФК ЉУБОТЕН 7 7 0 0 34 2 +32 21
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 7 6 0 1 22 5 +17 18
3 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 6 4 1 1 20 3 +17 13
4 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 7 4 0 3 22 7 +15 12 🔼
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 7 4 0 3 25 11 +14 12 🔼
6 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 7 4 0 3 12 12 0 12 🔽
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 7 1 1 5 6 13 -7 4
8 ЖФК Вардар 2023 7 1 1 5 1 42 -41 4
9 ЖФК РЕЧИЦА 6 1 0 5 9 23 -14 3
10 ЖФК КОЧАНИ 7 0 1 6 3 36 -33 1


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!