Трета лигаФудбал

Дербито меѓу БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ без голови и без победник, Аеродром со голема победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со денешните четири натпревари се комплетираше 5. коло во Трета лига – Север, а дербито го одиграа БВК Коњаре и поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, кое заврши без победник и без голови (0:0), но со црвен картон за домаќинот, откако капитенот на Нермин Бишевац заработи директен црвен картон уште во 1. минута од мечот, поради како што е заведено во официјалниот записник од натпреварот насилно однесување. Во 16. минута и Алмин Смајовиќ кој е претставник на клуб заработи црвен картон поради како што е заведено во записникот од мечот неспортско однесување.

Во записникот е заведено дека ќе следува дополнителен извештај за натпреварот, па останува да видеме што ќе има од целата таа ситуација.

Локално дерби играа Куманово и Пчиња, каде ланскиот шампион кој него помина баражот за Втора лига, заврши со триумф за домаќинот, откако двата погодоци паднаа во финишот на мечот, а стрелци беа Тодоровски и Реџепи.

Новиот третолигаш Њу Старс на домашен терен играше против фаворитот Фортуна, а исходот беше реми без голови (0:0) и голем бод за домашниот тим.

Аеродром против Риниа запиша триумф од 3:1 со двата погодоци на Александар Каланоски и голот на Сретан Каланоски.

Во однос на вчерашниот натпревари со резултати и стрелци овде го имате комплетниот извештај кој го објави Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!