Трета лигаФудбал

Кадино немаше доволно играчи и беше прекинат мечот со Шкендија Арачиново која добива три бода, Беса Влазрими убедлива!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес со три натпревари беше отворено 5. коло од Третата фудбалска лига – Север, а најубедлива победа однесе Беса Влазрими, откако со 1:5 славеше над Академија Илинден. Со двата гола на Ридван Исмаиљи гостинот на полувреме имаше 0:2. Во вториот домаќинот намали на 1:2 со голот на Никола Уневски во 50. минута.

По дваесет минути игра Шуајб Бајрами стрелаше за 1:3, а по две минути игра Академија Илинден остана без играч помалку на теренот, откако капитенот Даниел Васиќ, а тоа се рефлектираше врз самата игра со што Беса Влазрими преку Арбурим Ајдини и Лавдрим Сулимани дојде до конечните 1:5.

Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Кадино не го дочека својот крај, истиот беше прекинат во 11. минута, а тоа ќе значи и службена победа од 3:0 за домаќинот.

Како што дознава Спортска Мрежа, а како што е заведено во официјалниот записник во 11. минута од натпреварот при резултат од 4:0 за домашната екипа, на гостинската екипа и се повредија двајца играчи и бидејќи не можат да играат со шест играчи натпреварот беше прекинат.

„Во 11. минута при резултат 4:0 за домашната екипа, на гостинската екипа и се повредија двајца играчи и бидејќи не можат да играат со 6 играчи натпреварот беше прекинат. Службените лица беа присутни на теренот“, е наведено во записникот од натпреварот.

Инаку, во 1. минута погоди Еркан Шаип, во 3. минута гол даде Дарио Десниќ, во 4. минута постигна гол Јусуф Аљиу, а во 6. минута Аљан Ферати, па ако продолжеше мечот прашање ќе беше колку погодоци ќе постигнеше Шкендија Арачиново против поранешниот второлигаш.

Поделба на бодовите меѓу Ржаничино и Башкими Љуботен, откако двете екипи ремизираа играјќи 1:1. Дин Мемети во 35. минута постигна гол за 0:1 и водство на гостинот на полувреме, а во второто полувреме Мартин Лазев постигна гол во 76. минута за конечни 1:1.

Колото ќе се комплетира утре со останатите мечеви, а во истите Њу Старс се среќава со фаворитот Фортуна, Аеродром ќе ја чека Риниа, БВК Коњаре го игра дербито на колото со поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а пак Куманово на локално дерби со новиот третолигаш Пчиња.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

ФудбалФутсал

Реми на дербито меѓу Форца и Шкупи, поранешните шампиони ги поделија бодовите

Без победник заврши дербито на поранешните шампиони од првото коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!