Трета лигаФудбал

Слога Виница го декласираше Светлост, Турново слави во дербито во Свети Николе, Малеш слави прва победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На натпреварот од 5. коло од Трета лига – Исток одигран во Виница се испиша историја во мак-фудбалот откако дуелот меѓу Слога Виница и Светлост од Зрновци го судија женски судии. Главен судија беше Виолета Јанчева од Гевгелија, а и помагаа Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Александра Спасова од Свети Николе, додека пак делегат на мечот беше Гордана Кочева од Валандово.

Апсолутен фаворит на мечот беше домаќинот Слога Виница, предводен од штипскиот стратег Емил Грнев, против новиот третолигаш Светлост од Зрновци, каде исходот од средбата беше убедлива победа од 6:0. Кристијан Ристовски и Октај Амедов беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Амар Исљам, Давид Ристовски, а беше поништен голот на Сали. Двата погодоци беа од пенал

Дербито на колото се одигра во Свети Николе каде Овче Поле се соочи со поранешниот прволигаш Хоризонт од Турново, во дербито за трите бодови екс прволигашот слави со 1:2. Сашко Пандев во 5. минута погоди за 0:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Нацев израмни на 1:1.

Во 55. минута Черкезов постигна гол за конечни 1:2.

Тиверија во Струмица го пречека тимот на Дојранско Езеро каде гостинот од Дојран слави со 0:3, со погодиците на головите на Ашовалиев, Јанкулов и Илиев.

Во Делчево силите ги одмерија Брегалница и Ударник од Пирава каде домаќинот беше фаворит, а домаќинот слави со 4:0. Илиев беше двоен стрелец и Стаменовски и Ратков по еден гол.

Малеш на домашен терен се соочи со Карбинци каде запиша прва победа од 1:0 со голот на Пачарски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!